МЗТ Скопје е однапред прежален против Партизан, хендикепот е 22,5 поени (Фото)

МЗТ Скопје е однапред прежален и осуден на нов пораз во АБА-лигата, а вечерва ќе му биде гостин на кошаркарскиот гигант и поранешен европски првак Партизан.

Црно-белите се асполутни фаворити на дуелот меѓу второпласираната екипа и фенеријата во Јадранската лига.

Партизан има 12 победи и 2 порази и послаб ефект во АБА-лигата само од Црвена ѕвезда, а МЗТ Скопје сосема обратно, има 2 победи и 12 порази на последното место.

Затоа и логично изгледа хендикепот од 22,5 поени разлика што го нуди Sport Life за мечот во Белград вечерва од 18 часот.

За обложување на овој дуел има 158 различни игри во Sport Life, па има добар избор за да се одигра добитен тикет.

На ова е додадена и листа од деветмина кошаркари на кои може да се одигра плус или минус поени.

Тројца се од МЗТ Скопје и интересно е што за триото Кафи, Мичовиќ и Војдан Стојановски границата е иста и изнесува 10,5 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести