Натпреварот од последното трето коло од групата Д во првата фаза на Светското првенство во ракомет започна на необичен начин, само по 48 секунди, македонските суди Ѓорѓи Начевски и Славе Николо покажаа директен црвен картон за груб прекршок.
Ракометарот кој беше исклучен е пикерот на Унгарија, Адријан Сипош, откако направи премногу груб прекршок над португалското чудо од дете, 17-годишниот Франциско Мота да Коста.
Начевски и Николов прво досудија исклучување од две минути, но потоа по прегледување на спорниот момент, односно прекршокот на Сипош, одлучија на унгарскиот пикер да му покажат директен црвен картон.
Доказ дека нивната одлука беше исправна е тоа што никој од клупата на Унгарија не протестираше за црвениот картон, како ни самиот Сипош.