Роналдо загуби облог со Алегри

Кристијано Роналдо призна дека загубил облог со тренерот Масимилијано Алегри, кому пред почетокот на сезоната му ветил дека ќе ги погоди сите пенали сезонава во Серија А.

Португалецот вчера против Киево не реализираше шут од белата точка и тоа значеше дека победник во обложувањето е Алегри. Не се знае во што се обложиле и што ќе треба да добие тренерот ако да загуби најдобриот фудбалер на Јувентус. За среќа на Роналдо, утката не се покажа како решавачка, бидејќи Јуве славеше со убедливи 3-0.

„Вистина е дека се обложивме со тренерот. И покрај ова, подготвен сум да продолжам да ги изведувам пеналите”, рече Роналдо, кој денеска беше на суд во Мадрид поради затајување данок додека играше за Реал, а во кариерата има 25 утнати пенали.

- Оглас -

Најнови вести