По вчерашната елиминација на првиот носител и бранител на трофејот, Рафаел Надал, денеска во второто коло на Отвореното првенство на Австралија, испадна и вториот носител, Каспер Руд.
Норвежанецот во второто коло на гренд слем турнирот што се игра во Мелбурн, загуби од Џексон Бруксби од САД со 3:1 во сетови и тоа со 6-3,7-5,6-7,6-2.
Ова значи дека е исполнет уште еден за Новак Ѓоковиќ со евентуален триумф во Мелбурн, да се врати на првото место на АТП ранг-листата. Доколку Руд стигнеше до полуфиналето, тогаш тој ќе беше тенисер број еден од февруари.
Бруксби до победата над третиот тенисер на АТП ранг-листата дојде за три часа и 55 минути игра.
Тој првиот сет го доби со два брејка, во седмиот и деветтиот гем. Во вториот сет, Руд прв направи брејк, но во четвртиот гем Бруксби возврати, а сетот беше решен во 12-тиот гем, кога Американецот ја искористи брејк топката и поведе со 2:0 во сетови.
Во третиот сет, Бруксби имаше водство од 5:2 и три меч топки на свој сервис во деветтиот гем, но Руд успеа да преживее и да се врати во игра, а потоа тај-брејкот и да слави со 7:4.
Во четвртиот сет имаше четири брејка, од кои три направи Бруксби кои му го донесоа пласманот во третото коло каде го чека дуел со сонародникот Томи Пол кој пак го совлада Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 3-2 во сетови (6-2,2-6,6-7,6-3,6-4).
Изненадување претставува е поразот на Александер Зверев кој загуби во четири сета со 6-7,6-4,6-3,6-2 од 107-тиот тенисер на АТП ранг-листата, Мајкл Ммох од САД.
Пласман во третото коло обезбедија и Рубљов кој во четири сета беше подобар од Финецот Русувуори, како и Димитров кој го совлада Србинот Ѓере.
Кај дамите, Сабаленка, Камила Џорџи, Каролина Плишкова и Гарсија остварија максимални победи, додека Линет, Зигемунг и Александрова славеа во три сета над Бегу, Контавеит и Таусенд,