Да е фудбал ќе беше светски класик, во ракомет Германците се пресилни за Аргентина

Германија ја декласира Аргентина со 39:19 во меч од третото коло во втората фаза на ракометниот Мундијал во Полска и Шведска и е блиску до пласман во четвртфиналето.

Двата големи фудбалски ривали сепак имаат многу поразличен рејтинг во светот на ракометот, а Германците ја потврдија класата и го декласираа ривалот со 20 гола разлика.

Тие се лидери во третата група со максимални 3 победи, а исто таков ефект има и Египет во четвртата група по победата вечерва против Белгија со 33:28.

Првопласираните две репрезентации од сите четири групи ќе играат во четвртфиналето на Мундијалот што заедно го организираат Полска и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести