На мечот помеѓу САД и Бахреин од Светското првенство во ракомет, се случи нешто невидено на големите ракометни настани, играч гризна колега!
Американецот Пол Скорупа го гризна Хусеин Алсајад за раката, а судиите не го видоа тоа. Сепак после сугестиите од Бахреинците, арбитрите гледаа снимка, и на Скорупа му доделија прво црвен, па потоа и син картон.
Синиот картон во ракометот е воведен во 2015 година, и претставува потешка санкција од црвениот. За неспортскиот потег, на 23-годишниот Скорупа сега му се заканува и парична казна и суспензија.