Италијанците не ги забораваат лесно легендите, па така и денеска пред мечот на Лацио со Болоња, имаше одбележување на смртта на Синиша Михајловиќ, и тоа во присуство на неговото семејство кое доби дресови со потписи од двата клуба.
Михајловиќ во минатото играше за Лацио, а последен тренерски ангажман му беше во Болоња, па и двата клуба се цврсто врзани за Србинот кој целата интернационална кариера ја мина во Италија.
Лацио победи со 1-0 и вечерва ќе дознае дали следен ривал во Купот на Италија ќе му биде Јувентус или Монца.
Пораката „Синиша: Татко, сопруга и вистински маж, твојот пример ќе живее вечно“, ги расплака сопругата и ќерката на покојниот Михајловиќ.