Роналдо: Мило ми е што дадов голови и што се видов со некои стари пријатели!

Кристијано Роналдо на својот прв меч во Саудиска Арабија, додуша пријателски, даде два гола, но противникот беше многу силен, Пари Сен Жермен, па Португалецот е задоволен од тоа како си поминал вечерва.

Тој преку социјалните мрежи порача: „Мило ми е што се вратив на терен со голови. Беше убаво да се видат некои стари пријатели“.

Јасно е дека Роналдо за пријатели ги смета Серхио Рамос и Кејлор Навас со кои играше во Реал Мадрид, но и Килијан Мбапе на кого му е идол. Дали за стар пријател го смета и Меси, тешко е се каже.

- Оглас -

Најнови вести