И денеска ќе се водат жестоки битки на ракометниот Мундијал што го организираат Полска и Шведска, а веќе се фаќаат места за завршницата, односно за настап во четвртфиналето.
Со почеток од 15.30 часот во три термини се играат вкупно шест меча од Втората фаза, а има и два дуела од таканаречениот Президент куп.
Таму игра и Македонија, но не денеска, туку утре против Тунис за пласман од 25-тото до 32-рото место.
Фокусот е на главната сцена, во финишот на втората фаза што ќе ги даде најдобрите 8 селекции на светот, а по два меча се играат од 15.30, 18 и 20.30 часот.
Понудата на Sport Life секојдневно е дополнета и со долга листа на стрелци, а за денеска за играта плус или минус голови, на менито има дури 36-мина ракометари.
Цел ферман со имиња и презимиња што на сите што го следат ракометот и Мундијалот во Полска и Шведска им дава голем избор на ракометари што можат да ги играат во Sport Life и да дојдат до убави добивки.