Камавинга не мрда од Реал, иако има топ-понуди од лондонското дуо Арсенал-Челзи

Едуардо Камавинга останува во Реал Мадрид, тврди неговиот агент Џошуа Барнет и покрај одличните понуди што ги има францускиот репрезентативец од лондонскиот тандем Арсенал и Челзи.

„Секако дека го сака секој клуб на светот, бидејќи Камавинга е топ-играч, но тој е среќен во Реал и не мрда никаде“, вели агентот Џошуа Барнет.

Беше објавено во шпанските медиуми дека Камавинга има зелено светло од Кралскиот клуб да направи трансфер секако со сума што ќе ги задоволи барањата на Реал Мадрид.

Сега според неговиот агент има пресврт и Камавинга нема да си замине од Реал и останува во Мадрид.

За него во август 2021 година најтрофејниот шпански клуб му плати отштета од 40 милиони евра на француски Рен, а Камавинга потпиша договор до 2027 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести