Алегри: Не си одам од Јувентус додека не ме избркаат!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, побара обединетост и заедништво во редовите на Старата дама, после одлуката за одземање 15 бодови поради финансиски малверзации.

„Мора да пробаме да ја победиме Аталанта, бидејќи победата ни носи седмо место на табелата. Следната недела ни се враќаат Погба и Влаховиќ, утре се враќа Квадрадо. Пред пресудата, имавме шанса за настап во ЛШ, можеби и за титулата, вака мора да го одработиме тоа што ни е должност, не смееме да тагуваме, за два месеци е конечната одлука после нашата жалба“ – изјави Алегри.

Новинарите во Торино го прашаа Алегри и дали ќе остане во Јуве ако клубот не обезбеди излез во Европа.

„Јас сум тренер на Јувентус и тоа ќе остане така, освен ако не ме избркаат. Кога е тешко, треба да покажеме дека сме мажи“ – рече Алегри.

- Оглас -

Најнови вести