Ливерпул 26 проценти од своите голови во Премиер лигата сезонава ги даде на еден меч во август

Ливерпул попладнево одигра без голови во дербито против Челзи, и го освои својот прв бод во 2023 година, но фановите се загрижени за неефикасноста на Црвените.

Екипата на тренерот Јирген Клоп даде само еден гол на трите меча во 2023 година, што е премалку за тим кој има големи амбиции. Ливерпул во моментов е на девет бода негатива од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Интересен податок е дека од 34-те голови кои ги постигна сезонава во Премиер лигата, Ливерпул околу една четвртина, или поточно 26,4 отсто, ги даде само на еден меч и тоа одамна, во август, кога го уништи Борнмут со рекордни 9-0.

- Оглас -

Најнови вести