Фудбалерите на Келн го декласираа Вердер Бремен со 7:1, во последниот натпревар од денешната програма од 16-то коло од Бундеслигата.
ФУдбалерите на Келн како да не можеа да дочекаат да им заврши двомесечната пауза поради Светското првенство, и во првиот натпревар во 2023 година, за само 36 минути му дадоа пет гола на поранешниот германски шампион.
Вердер е еден од петте тима кои од 2000-та година па досега ја освојувале шампионската титула во Бундеслигата.
Гол шоуто на Келн го отвори Маина во деветтата минута, а потоа Тигес постигна два гола во 16-та и 21-та минута. На 4:0 зголеми Шкири во 31та минута, а Денис Хусеинбашиќ во 36-та минута зголеми на 5:0.
Германскиот репрезентативец Никлас Филкруг во 38-та минута го постигна единствениот гол за Вердер на натпреварот.
Во второто полувреме, Келн даде уште два гола, Шкири во 54-та минута го постигна својот втор гол на средбата, а конечниот резултат го постави играчот на Вердер, Фридл, со автогол во 77-та минута.
Со овој триумф Келн се искачи на десеттото место на табелата со 20 бодови, додека Вердер има еден бод повеќе.