Шведска ја победи Португалија со 32:30 во последниот меч од втората фаза по групи на Мундијалот што го организира заедно со Полска и чесно го елиминира ривалот, а ја покани Унгарија заедно да играат во четвртфиналето на турнирот.
Швеѓаните имаа предност од 25:19 во средината на второто полувреме, но Португалија се врати на само еден гол негатива во финишот, 27:26, но немаше сила за да освои барем еден бод и да биде четвртфиналист.
Шведска победи во Втората група со максимални пет победи и како првопласирана ќе игра во нокаут фазата.
Унгарија е втора со шест бода, колку и Исланд, но и подобар меѓусебен биланс, бидејќи победија со 30:28.
Португалија остана на пет бода, а ако освоеше еден бод ќе имаше најдобар биланс во круг на трите селекции со Унгарија и Исланд и ќе играа со Шведска во последната фаза што ќе одлучува за титулата.