За Франција не е проблем и кога губи цело полувреме, светскиот рекордер ја победи Шпанија во дербито на СП

Франција ја победи Шпанија со 28:26 во дербито на денот на Светското пррвенствово ракомет и го освои првото место во првата група, а двете селелкции ќе играат во четвртфиналето.

Триколорите кои се рекордери на мундијалите со шест шампионски круни губеа речиси цело второ полувреме, најмногу со три гола разлика, но го почнаа пресвртот на 10 минути до крајот и успеаја да победат.

Венсан Жерар бранеше импресивно и имаше 16 одбрани, а Брие, Мем, Мае и Ремили беа најефикасни кај победникот со по 4 гола.

Кај Шпанците и на мечот стелец број еден беше Фернандес со 7 гола.

Французите без пораз го освоија првото место во групата и повторно се меѓу главните фаворити за светската круна.

Шпанија покажа дека ќе биде опасен ривал за сите во битката за медалите, но вечерва немаше сили за да го сопре светскиот рекордер.

 

- Оглас -

Најнови вести