Работнички проба да се издигне како феникс, но не успеа и загуби од Феникс

Екипата на Феникс победи со 91:88 против Работнички, во последниот меч од 12. коло во Прва кошаркарска лига на Македонија. Со овој триумф, Феникс стигна до седма победа, исто колку што има и Работники. Интерсно е тоа дека Работнички ги нанижа сите седум победи по ред, но нивната успешна низа заврши вечерва во „Јане Сандански“.

Првата четвртина беше израмнета, а Феникс по првите 10 минути водеше со 27:25. Во втората четвртина, домаќините одиграа речиси безгрешно. Феникс прв пат поведе со двоцифрена предност кога на семафорот резултатот беше 42:31, а пред крајот на полувремето, разликата дојде и со 18 разлика (50:32).

На почетокот на второто полувреме Работнички се обиде да ја намали негативата и со низа од 14:0 стигна до 50:46, но Феникс не се предаде и по три четвртини повторно имаше двоцифрена позитива од 66:55. Во последната четвртина домаќините водеа и со 71:57, но Работнички не се предаде. Гостите постепено ја намалуваа негативата и пред крајот стигнаа до реми (82:82). Сепак, во клучните моменти, Феникс одигра посмирено, посконцентрирано и на крајот домаќините заслужено се радуваа на победа.

Андреј Митревски со 23 поени и Ивица Димчевски со 21 поени беа најефикасни кај Феникс, тим во чии редови имаше само еден странец. Дабл-дабл учинок кај домаќините имаше Бојан Трајковски со 16 поени и 17 скока. Кај Работнички најефикасен беше Србинот Малешевиќ со 20 поени, Брчков даде 19, а Камерон Форте од Јорган имаше дабл-дабл со 19 поени и 19 скока.

 

- Оглас -

Најнови вести