Навивачите на Јувентус го почнаа отпорот – Масовно ги откажуваат ТВ преносите од Серија А, еден регион се покажа како бастион со 13 илјади бојкотирачи за еден ден

Навивачите на Јувентус се огромна армија од над 11 милиони само во Италија и според проценките над 45 милиони во целиот свет и голем дел од нив веќе го почнаа отпорот против раководството на Серија А по казната од 15 бода, што на Старата дама и беше изречена викендов.

Како причина за ваквата драстична казна е наведено дека имало финансиски малверзации во клубот, во периодот на коронавирусот, кога им било ветено на играчите дека ќе им бидат исплатени платите од кои се откажале во тешкиот период.

Такви договори со играчите нема во клубот, односно не се заведени, што се сметаз а незаконско дејство, па беше изречена казна од 15 бода.

Таквата одлука не ја прифаќаат симпатизерите на Јувентус и грото од нив велат дека по таа логика треба да се казнат многу клубови што го правеле истото.

Дека нема да се помират со одлуката покажаа со масовно откажување на ТВ преносите од Серија А, а правата ги имаат Скај Италија и ДАЗН.

Само во регионот на Пуља, што не е блиску до Торино, но се покажа како бастион на Јувентус имало дури 13 илјади откажувања за само еден ден.

Тоа носи огромен зијан за бродкастерите кои ги имаат ТВ правата за мечевите од Серија А.

Тие стравуваат дека акцијата ќе стане уште помасовна и може да има најмалку 500 илјади откажувања што би донело огромна загуба од 136 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести