Фенер, Интер и Валенсија ќе го потврдат реномето со победи против послаби противници

1606 Умранијеспор – Фенербахче (Суперлига, Турција, 18 часот)

Градското дерби на Истанбул може да биде возбудливо ако се потпрете на традицијата, која вели дека Умранијеспор нема пораз од Фенербахче.

Звучи сензационално, но е точно и помалиот клуб од Истанбул има две победи од 2019 година во турскиот куп и реми 3:3 лани во првото коло на ова првенство.

Сепак, секоја традиција си им свој крај, а се чини дека најтрофејниот турски клуб со 28 титули денеска нема да пропушти да победи.

На Фенер му требаат три бода за да остане во трката за титулата со Галатасарај, а разликата е веќе 7 бода.

Притоа има уште четири екипи што се надеваат на подвиг и пехар, па жестока е и битката за учество во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 2 (1.70) Супер тип на Sport Life

 

3008 Болоња – Кремонезе (Серија А, Италија, 18 часот)

Болоња има интересни резултати во Новата година и на четири меча трипати беше поразена, еднаш победи, а сè беше со минимална разлика, односно со еден гол.

Кремонезе е фенерџија и со шпанскиот Елче се единствените две екипи од Топ-5 лигите во Европа што сè уште немаат победа.

Сега имаат убава шанса, со оглед на скромната форма на Болоња и уште повеќе поради неколку значајни отсуства во домашниот табор.

Арнаутовиќ, Сансоне, Бонифаци, Де Силвстре и веројатно и Медел нема да играат, што е голем хендикеп за седумкратниот италијански првак.

Кремонезе го смени тренерот Алвини веднаш по неуспехот со Монца минатиот викенд и потоа во Купот на Италија приреди чудо.

Предводени од новиот тренер Давиде Балардини, го елиминираа Наполи во Копа Италија на пенали, а издржаа долг период со играч помалку.

На крилјата на тој подвиг ќе се обидат да ја изненадат и Болоња, но за нас пореална варијанта е да се одигра на голови.

Предлог тип: ГГ (1.85)

 

3009 Интер – Емполи (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Интер е непоразен во 2023 година, а има и две многу значајни победи. Нераѕурите се првиот тим што го победи лидерот во Серија А, Наполи, а потоа во Суперкупот на Италија лесно го победија Милан во Саудиска Арабија и го освоија пехарот.

По тие две победи, растат апетитите и во Интер веруваат дека можат да ја стопат двоцифрената разлика што ја има Наполи во битката за Скудетото.

За тоа им треба долга серија од победи во Калчото, а дали ќе успеат, тешко е да се прогнозира, но дека можат да го победат Емполи во ефикасен меч, реално е да се предвиди.

Предлог тип: 1&3+ (1.80)

 

1123 Фулам – Тотенхем (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Расположението во таборот на Тотенхем драстично падна по поразите на последните два меча, дома од лидерот Арсенал и потоа на гости од актуелниот шампион Манчестер сити.

Тотенхем на тие два меча играше со многу падови и кратки блесоци, а поразите им потврдија дека сè уште немаат екипа од шампионски калибар.

Трката за титулата за нив реално е завршена бидејќи имаат дури 17 бода помалку од најголемиот ривал Арсенал.

Сега целта е да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, а тоа е сон на извонредниот Фулам сезонава.

Екипата игра одлично и ако денеска го победи градскиот ривал Тотенхем, ќе го прескокне на петтата позиција.

Овде ќе нема калкулации, двете екипи имаат расни стрелци од калибарот на Александар Митровиќ и Хари Кејн и ќе типуваме дека ќе се тресат и двете мрежи на „Крејвен котиџ“ во Лондон.

Предлог тип: ГГ (1.58)

 

1365 Валенсија – Алмерија (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Валенсија влезе во незгоден период и е во долниот дел на табелата во Шпанија само со два бода повеќе од екипите што се во зоната за испаѓање.

Популарните Лилјаци подолго време се во некаков слободен пад и се мачат со финансии и со битка за главните позиции во раководните структури на клубот што има огромно реноме и многу навивачи и во Шпанија и во целиот свет.

На гости им доаѓа ривал по мерка, а и Алмерија е во криза само со една победа во Ла Лига на последните пет меча.

Имаат еден бод помалку од Валенсија, но и послаб тим, па ќе типуваме дека ќе загубат на жешката „Месталја“.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести