Садио Мане нема да игра за Баерн во еден од најважните мечеви во сезоната!

Садио Мане, напаѓачот на Баерн Минхен, нема да биде подготвен да се врати на теренот за првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Според пишувањата на новинарот Дани Жил, Мане нема да се врати на теренот до 14 февруари, кога германскиот првак ќе гостува на „Паркот на принцовите“ против францускиот гигант, во елитното натпреварување на УЕФА.

Мане се повреди во октомври, на дуел против Вердер Бремен во Купот на Германија, а поради тоа го пропушти и Светското првенство во Катар, каде што требаше да биде капитен на Сенегал.

Напаѓачот кој пред почетокот на сезоната дојде во Баерн од тимот на Ливерпул одигра 23 меча во сите натпреварувања за баварскиот гигант, во кои има биланс од 11 гола и четири асистенции.

Баерн реваншот против ПСЖ ќе го игра на 8 март во Минхен, а се очекува Мане за  реваншот да биде подготвен.

- Оглас -

Најнови вести