Кристијано Роналдо денеска мораше да замине од Торино во Мадрид, каде што беше на суд поради затајување данок. Роналдо треба да плати 18,8 милиони евра ако сака да избегне 23-месечна затворска казна. Таа сума не е никаков проблем за Португалецот, кој на крајот среќен си замина.
Додека Роналдо ја чекаше одлуката на судот во Шпанија, светот беше шокиран од веста дека исчезнал авион во кој бил неодамнешниот фудбалер на Нант, Емилијано Сала. Аргентинецот пред неколку дена потпиша за Кардиф, но судбината не му дозволи да заигра за новиот тим, иако стана најскап фудбалер во историјата на велшкиот клуб.
Авионската несреќа во која исчезнаа Сала и пилотот не беше причина Роналдо токму денеска да постира фотографија на која е среќен додека лета во својот авион. Ваквиот потег на ѕвездата на Јувентус го налути некогашниот англиски фудбалер Гари Линекер, кој веднаш реагираше.
„Не е ден за ваков твит. Навистина не е“, напиша Линекер на фотографијата на Роналдо.
Според едни, реакцијата на Линекер е исправна, додека други го бранат Роналдо велејќи дека Португалецот немал никаква лоша намера во објавувањето на својата фотографија.
Not the day for this tweet. It really isn’t. https://t.co/61y6cgEzm0
— Gary Lineker (@GaryLineker) January 22, 2019