Белоруската тенисерка Викторија Азаренка иако има речиси 34 години и долго време не е на врвот на ВТА ранг-листата, точно по една деценија обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.
Азаренка во четвртфиналето ја совлада Џесика Пегула во два сета, и тоа со 6:4,6:1, иако до овој меч оваа Американка немаше изгубено ниту еден сет од почетокот на турнирот.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/1617822629108535298?s=20&t=2JpG-iwNEuOaNleeMlOpLw
Со победата над Пегула, Азаренка се најде само на два чекора до повторување на успехот од 2012 и 2013 година, кога триумфира на Отвореното првенство на Австралија и ги освои единствените две такви титули.
Азаренка во полуфиналето ќе се сретне со минатогодишната шампионка од Вимблдон, Елена Рибакина, која сега настапува под знамето на Казахстан.