Напаѓачот на Болтон, Елијас Качунга, имаше серија неспортски потези во 28-мата минута на мечот со Форест грин во Лига 1 во Англија и место него, настрада неговиот соиграч Дион Чарлс.
Качунга без причина крвнички удри противнички играч во шеснасетникот на гостите, и тоа со бокс во стомакот, а потоа си молчеше и кога главниот судија погреши.
Наместо Качунга, исклучен беше вториот напаѓач на Болтон, Дион Чарлс.
Во Лига 1 во Англија нема ВАР-систем, па не можеше да се провери ситуацијата и „ни крив, ни должен“ настрада стрелецот на првиот гол на мечот, Чарлс.
https://twitter.com/nathjnzy/status/1617979990104236033?s=20&t=f-dCOzAJmGq1WFCWdNNrdw