Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, е обвинет за силување кое наводно се случило во раните 1990-ти години.
Женатата која во првите денови од 2023 година ја поднесе тужбата во судот во Њујорк тврди дека Тајсон ја силувал во лимузина откако се запознале во ноќен клуб во Њујорк.
Во тужбата таа тврди дека претрпела физички, психички и емоционални повреди и бара отштета од пет милиони долари.
Жената не го навела датумот на сексуалниот напад, туку само се вели дека тоа се случило на почетокот на 1990-тите, во време кога и Дезире Вашингтон го обвини Челичниот Мајк за силување. На 10 февруари 1992 година, Тајсон беше осуден за силување и одлежа три години затвор.
A woman has accused former heavyweight boxing champion Mike Tyson of raping her in the early 1990s in a lawsuit filed in New York. https://t.co/kiyd2u3dTj
— Tribune-Review Sports (@TribSports) January 24, 2023
Жената во својот исказ навела дека влегла во лимузината на Тајсон и дека боксерот веднаш почнал да ја допира и се обидел да ја бакне.
„Неколку пати му реков ‘не’ и го замолив да престане, но тој продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ги соблече панталоните и ме силуваше”, стои во исказот на жената чиј идентитет не се објавува.
Адвокатот што ја застапува рекол дека тој и неговите соработници не верувале во исказот на жената, но дека ги истражиле нејзините наводи и утврдиле дека биле „многу веродостојни“.