Уште пред да започне дуелот на „Род Лејвер арената“, се знаеше дека еден од двајцата американски тенисери ќе испише историја.
Не само сопствена историја, бидејќи за првпат обезбедија пласман во четвртфинале на еден гренслем-турнир, туку и на американскиот тенис бидејќи за првпат по 14 години еден тенисер од САД ќе игра во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.
Последен полуфиналист од САД во Мелбурн беше Енди Родик, кој во 2009 година загуби од Роџер Федерер.
Утринава славеше поискусниот Томи Пол во четири сета, и тоа со 7:6,6:3,5:7 6:).
Пол во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов.
Во женска конкуренција, втората полуфинална двојка ја сочинуваат Магда Линет и Арина Сабаленка. Линет со 6:3,7:5 ја совлада Каролина Плишкова, додека Сабаленка исто така во два сета, и тоа со 6:3,6:2, беше подобра од хрватската тенисерка Дона Векиќ.