Македонија одигра одлично прво полувреме против Јужна Кореја во последниот меч на Мундијалот во Полска и Шведска и води со 20:19.
Се игра меч од Президент купот за 27-мо место, а избраниците на Кирил Лазаров успеаја да ги скротат брзите Корејци со нивното оружје со фантастични контранапади.
Ненад Костески беше брз како виор и постигна пет гола, сите во ситуација еден на еден со голманот на Јужна Кореја.
Филип Кузмановски даде 4 гола, Талески и Серафимов постигнаа по три, а стрелци за Македонија беа и Ѓонов двапати и Стојковиќ и Петров по еднаш.
Без разлика на исходот, ова ќе биде најслабиот пласман за Македонија на големите натпреварувања.