Не можат без Тетово, Тотре се врати и го продолжи трендот на македонските репрезентативци во Шкендија

Продолжи трендот на камбек на македонските репрезентативци во Шкендија, а на позајмица од украинската Ворскла Полтава во клубот се врати Енур Тотре.

Тотре си замина од Тетово пред две години и прво играше за Тирана, а потоа се пресели во Украина, во Ворскла.

Поради ситуацијата со војната во Украина, сега одлучи да се врати во редовите на Шкендија.

Има два настапи за македонската сениорска репрезентација и 7 за младинците до 21 година.

Претходно, исто така во овој преоден рок, во клубот се врати уште еден репрезентативец, Дашмир Елези.

Елези месецов направи трансфер од Шкендија во Торпедо Кутаиси во Грузија, но само по неколку дена одлучи да се врати во клубот од Тетово.

Претходно тоа му се случи и на Егзон Бејтулаи, кој потпиша договор со шведскиот клуб Хелсингборг во 2020 година, но експресно се врати во Шкендија во истиот преоден рок.

 

 

- Оглас -

Најнови вести