Лука Дончиќ е тинејџерот кој сезонава ја размрда НБА-лигата. Словенецот уште во дебитантската сезона покажа дека е огромен талент и имаше многу мечеви на кои постави рекорди во најсилната лига за играчи на негова возраст.
Сепак, дека не е само голем талент, туку често знае да биде и нервозен, Дончиќ покажа на последните два меча. Минатиот меч го доби првото исклучивање, откако шутна баскет директно кон публиката, а утрово успеа да си го искине дресот.
Се играа последните секунди од втората четвртина на мечот против ЛА клиперс, топката беше кај Дончиќ, кој се обиде да погоди за тројка, но направи бунар. Поради тоа што направи големо промашување, тинејџерот лут сам на себе го потегна дресот и го искина во стилот како што тоа некогаш го правеше еден од најголемите кечери во историјата, Хулк Хоган.