Дончиќ се повреди по три минути игра, Далас и без него се крена како Феникс и победи (Видео)

Лука Дончиќ играше само малку повеќе од три минути за Далас маверикс против Феникс санс и беше голем малер и си го повреди глуждот на левата нога.

Во обид да пивотира во дуелот со Камерон Џонсон, Лука згазна на ногата на Микел Бриџис и се повреди.

Словенецот замина во соблекувалната и не се врати на паркетот, а Далас и без него го победи Феникс како гостин со 99:95.

Спенсер Динвиди го замени Лука како лидер кај гостите и забележа личен рекорд сезонава со 36 поени, а имаше и 9 асистенции и 6 скока.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1618811678799314945?s=20&t=E65XIMIKv7fBPptua-iPwg

Според изјавата на Џејсон Кид, тренерот на Далас, повредата не е тешка, барем според однесувањето на Лука.

„Ќе чекаме резултати од медицински преглед, но Лука беше расположен и среќен што неговите соиграчи одиграа одличен меч и победија. Оптимисти сме дека брзо ќе се врати на теренот“, рече Кид.

Резултати: Бостон селтикс – Њујорк никс 117:120 по продолженија, Бруклин нетс – Детроит пистонс 122:130, Шарлот хорнетс – Чикаго булс 111:96, Хјустон рокитс – Кливленд кавалирс 95:113, Феникс санс – Далас маверикс 95:99, Лос Анџелес клиперс – Сан Антонио спарс 138:100. 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести