Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, не е присутен во ложата за време на полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во тенис.
Срѓан Ѓоковиќ, кој беше вмешан во скандал за сликањето со руски националисти и наводно извикување „Да живее Русија“ по четвртфиналето, објави соопштение во кое рече дека не сака да има никакви пречки и проблеми за син му во полуфиналето, па мечот ќе го гледа на телевизија.
Таткото го нема во ложата, столчето до мајката Дијана е празно, но тоа не е проблем за Новак кој има предност од 2-0 во сетови против Томи Пол и оди кон финале.