Бабунски и Џуџак ја продолжуваат трката за најдобар стрелец во Дебрецин, и двајцата ја тресеа мрежата во првиот натпревар во 2023 година 

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски, постигна гол на првиот официјален натпревар во 2023 година за Дебрецен.

Неговиот тим во првото коло од пролетниот дел од сезоната во унгарскиот шампионат, со 3:0 славеше над Залаегерсег, а Бабунски го постигна третиот гол за својот тим,  во 53-та минута со што ја завери победата на Дебрецен.

Резултатот го отвори Жежи во третата минута, а на 2:0. зголеми Балаш Џуџак во 35-та од пенал.

Ова беше петти гол на Бабунски сезонава и е втор стрелец во Дебрецен, зад Балаж Џуџак кој има постигнато еден гол повеќе.

Со триумфот, Дебрецен го прескокна Залаегерсег на табелата и сега е петти со 23 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести