Екстренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, доби неочекувана понуда за нова тренерска позиција. Неговиот поранешен соиграч од Реал, Дејвид Бекам, сака да го види Зидан како предводник на клубот кој од неодамна го формира, Интер Мајами, а со работа да започне од 2020 година, кога е планирано овој клуб да почне со учество на натрпеварувања во САД.
Бекам упорно се труди да договори неколку големи ѕвезди, како Роналдо, Меси и многу други, да го облечат дресот на неговиот клуб во иднина, но сака и врвен стратег кој со сигурност ќе носи успеси. Зидан упешно го правеше тоа во Реал, за три сезони освои три титулу во Лигата на шампиони, еднa титула во Шпанија, два пати освои шпански Суперкуп, како и две Светски клупски првенства.
Зидан, сепак, чека повик од два различни клубови за нова работа. Доколку управата на Јунајтед одлучи да ја прекине соработката со Мурињо, Зидан е првиот, и засега единствен, кандидат за клупата на „црвените ѓаволи“. Можно е да се најде и на тренерската позиција на Јувентус, доколку Алегри одлучи по крајот на оваа сезона да го напушти Торино. Се разбира, за тоа да се случи, Јуве ќе треба да ги освои сите натпреварувања во кои учествува.