Новак Ѓоковиќ испиша историја освојувајќи го десетиот трофеј на Австралија опен, вкупно 22-ри Гренд слем за него во кариерата, со што се израмни со рекордерот Рафаел Надал. За успехот на Србинот сигурно голема заслуга има и неговиот тренер, Хрватот Горан Иванишевиќ. Во текот на целиот турнир се случуваше Новак луто да реагира кон својот тренер, а Иванишевиќ имаше објаснување за сите тие ситуации.
Nervozan je #Djokovic, a to na svojoj koži najbolje oseća #Ivanisevic! pic.twitter.com/a4C7qpHCgs
— Sportal (@SportalSrbija) January 27, 2023
„Неверојатен е. Не му се лутам кога вика на мене, се додека победува. Немам проблем што и да вика. Кога дојде до нашиот бокс, Ноле ги пушти емоциите. Тоа беше многу емотивен момент за сите нас. Кога почна да плаче, тогаш го исфрли сето тоа што со денови го собираше во себе. Направи нешто неверојатно, тој е од друга планета. Како човек кој сум повеќе од 30 години вклучен во тенисот, вчудоневиден сум. Мене ми е чест што сум тренер на Ѓоковиќ“, рече Иванишевиќ кој потенцираше дека очекува Новак да владее во светскиот тенис и во следните неколку години.
What it meant to Novak Djokovic. #AusOpenpic.twitter.com/ylHQ9QRX2z
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) January 29, 2023