Боли нема намера да запре со трошењето и ќе ја плати клаузулата за Енцо Фернандес, но повторно има проблеми со Бенфика

Англискиот премиерлигаш Челзи одлучи да ја плати откупната клаузула во висина од 120 милиони за аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандес, но и тоа не е гаранција дека ќе се резлизира трансферот.

Токму Фернандес се наоѓа во центарот на вниманието на најголемата трансфер-сага од почетокот на зимскиот преоден рок (1 јануари) бидејќи неговото име прво се споменуваше со трансфер во Ливерпул, но веднаш во приказната се вклучија Челзи и неговиот сопственик Тод Боли, кој го потврди епитетот на најголем трошаџија.

Клубот на Фернандес, Бенфика, беше дециден и бараше 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула за Аргентинецот. Челзи се обиде во неколку наврати да ја намали оваа сума нудејќи фудбалери како дел од трансферот, но управата на португалскиот тим не отстапи од своите барања.

Поради тоа Боли, кој во јануари потроши повеќе од 200 милиони евра за засилувања, одлучи да ја плати целата сума, но повторно има проблем.

Имено, челниците на Бенфика не се задоволни со динамиката на исплаќањето на ратите.

Тие бараат целата сума да биде исплатена најмногу во три рати, додека премиерлигашот сака тоа да биде на повеќе рати, најмалку на пет бидејќи мора да внимава на финансискиот ферплеј на УЕФА за да не заработи казна за трансфери.

- Оглас -

Најнови вести