Трагедија во Бразил: Автобус со млади фудбалери заврши во провалија, најмладиот од четирите жртви има само 13 години

Ужасна трагедија го погоди Бразил, најмалку четворица млади фудбалери загинаа откако автобусот со кој патувале завршил во провалија.

Според бразилските медиуми, загинале тројца млади фудбалери меѓу 13 и 18 години, како и еден тренер. Тие со автобусот се враќале од турнир, но се случила тешка сообраќајна несреќа и нивното возило излетато од патот.

Медиумите пишуваат дека полицијата потврдила дека четири лица загинале, но и дека  бројката може да се зголеми бидејќи лицата кои се наоѓаат во болница се борат за живот.

Во автобусот ималот 28-мина млади фудбалери и тренери, а најмлад загинат во несреќата е 13-годишниот Каилон да Силва.

- Оглас -

Најнови вести