Претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, заедно со генералниот секретар, Филип Милошевски, го посетија СОС Детско село, каде што беа донирани сите финансиски средства собрани од ракометниот спектакл што се одигра во „Борис Трајковски“ на почетокот на овој месец.
„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно-музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија изнесува 1.372.550,00 денари, сума која ќе ѝ биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победија човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.
Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!“, стои во пораката на официјаланата фејсбук-страница на РФМ.