Реал и Јувентус ќе го положат поправниот испит со победи

1957 Кајзериспор – Башакшехир (Суперлига, Турција, 15 часот)

Башакшехир повторно е во трка за титулата, но мора да победи денеска на незгодно гостување во Кајзери.

Тимот од Истанбул е на третото место со 11 бода помалку од лидерот Галатасарај и нема поинаква опција од атак на победа ако сака да продолжи да се надева на подвиг и втора титула во својата историја.

Кајзериспор е тимот со најмалку нерешени дуели, само два, колку што има само уште Фенербахче.

Домаќините со победа ќе ја остварат примарната цел и речиси сигурно ќе си обезбедат опстанок, а ако освојат три бода, ќе атакуваат и на висок пласман.

Мотиви за офанзивен фудбал за да се освојат бодови имаат и двете екипи, па може да се очекува да има и доста голови, иако последните шест меѓусебни дуели им завршија со 0-2 гола без исклучок.

Предлог тип: 3+ (2.12)

 

1958 Коњаспор – Истанбулспор (Суперлига, Турција, 15 часот)

Коњаспор е шампион за нерешени дуели сезонава, има дури 9, најмногу во Суперлигата на Турција, а сосема спротивно од нив, Истанбулспор има одиграно само три меча без победник, но има и најмногу порази, дури 13 во 20 кола.

Тимот за којшто игра македонскиот репрезентативец Валон Етеми е кандидат за испаѓање бидејќи е претпоследен со 15 бода, но не е без шанси за опстанок.

Етеми влече колку што може, постигна 8 гола и е во Топ-10 на листата со најдобри стрелци, што е речиси половина од 20 погодоци што ги даде Истанбулспор.

Коњаспор со победа ќе биде во горниот дел на табелата, со 9 бода повеќе од најдобрата екипа која е во опасната зона за испаѓање и домаќините ќе притиснат да го победат аутсајдерот.

Истанбулспор нема што да чека, мора да почне почесто да победува, ако сака и идната сезона да биде прволигаш, па на овој меч може да се игра на 3 или повеќе гола.

Предлог тип: 3+ (1.69)

 

1959 Адана Демирспор – Фенербахче (Суперлига, Турција, 15 часот)

Интересна е ситуацијата со двајцата наши репрезентативци Јован Манев и Езџан Алиоски.

Помладиот Манев сè почесто игра за Адана Демирспор, а, за жал, Алиоски сè почесто е на клупата за резерви, па такви се најавите и за дуелот вечерва.

Адана Демирспор набрзина, за две сезони направи многу солиден тим, сметајќи ги и резервите, и амбициите да се игра во европските купови се сосема реални.

Моментно се на шестото место со 37 бода, но ако победат, можат дури и да се израмнат со Башакшехир на третата позиција.

Сепак, Фенербахче, кој е на втората позиција зад Галатасарај, е фаворит, а се очекува офанзива од двете страни бидејќи не им одговара реми.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.69)

 

1302 Реал Мадрид – Валенсија (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Реал Мадрид и Валенсија играа меѓу себе пред дваесеттина дена во полуфиналето на шпанскиот Супер куп во Саудиска Арабија и по драматична битка, Кралскиот клуб победи на пенали.

Сега се игра многу поважен меч во Ла Лига, што може да биде витален за двете екипи.

Реал заостанува за осум бода зад вечниот ривал Барселона и ако не победи, ќе има тешка задача да ја одбрани титулата.

Валенсија е во уште посложена ситуација и со многу турбуленции во клубот. Отказ доби тренерот Џенаро Гатузо, атмосферата во клубот не е добра, а и бодовното салдо е скромно.

Лилјаците имаат само 20 бода, еден повеќе од Кадис, кој е во опасната зона, па им следува битка за опстанок.

Патем, Валенсија не го победила Реал во Мадрид на 17 меча по ред во сите натпреварувања, или цели 15 години од 2008 година, кога беа подобри со 3:2 во меч од Ла Лига.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

1615 Јувентус – Лацио (Копа Италија, 21 часот)

Јувентус е рекордер со 14 пехари во Копа Италија, а евентуалниот 15-ти би им дошол во вистинско време, кога клубот е во голема криза.

Но, за такво нешто им треба најпрво да го елиминираат Лацио во нокаут-меч од четвртфиналето и потоа да минат уште два чекори за нов пехар во националниот Куп на Италија.

Добро за Старата дама е што Лацио ѝ лежи како екипа, Јувентус победи со 3:0 во првенствен меч во ноември лани, а нема пораз од денешниот ривал на последните шест меѓусебни натпревари.

И Лацио, кој е седумкратен освојувач на Италијанскиот куп, си има свои сметки, но некако не им оди против Црно-белите, па Јувентус е фаворит.

Предлог тип: 1 (2.22) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести