На натпревар во футсал лигата во Бразил, една фудбалерка направи неспортски потег поради кој сигурно треба да заработи затворска казна, без причина удри противничка во главата додека таа лежеше на теренот.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека едната екипа постигна гол, а потоа беше направен прекршок над фудбалерка од истиот тим.
Faul play, soccer player head kicks other player during game. #soccer #mma #kickboxing pic.twitter.com/gffJlAk865
— Kayovid (@Kayovids) February 1, 2023
Во тој момент, противничката која го направи прекршокот, се затрча и со сета сила ја удри со нога во глава фудбалерката која лежеше на теренот. По овој потег, настана хаос на теренот, фудбалерките од двете екипи скокнаа едни на други, додека несреќната девојка облиена во крв остана да лежи на теренот. Таа по неколку секунди успеа да се крене на нозе, но за момент и повторно падна на теренот.