Турчин е копија на најдобриот кошаркар во НБА, асистенциите му се исти и го нарекоа „Бејби Јокиќ“ (Видео)

Алперен Шенгун е хит во НБА-лигата и игра одлично за Хјустон рокитс во втората сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

Шенгун е центар, висок 211 сантиметри и многу потсетува на Никола Јокиќ, па го нарекоа „Бејби Јокиќ“.

Особено личи на двојниот МВП кошаркар од Србија со начинот на којшто им асистира на соиграчите за поени, а тоа е како реплика на стилот на Јокиќ.

https://twitter.com/NBA/status/1621023363211706368?s=20&t=I7z-DNkTw4q70egPE_l70Q

Шенгун има само 20 години и преклани Хјустон доби џекпот откако успеа во трампа да го донесе турскиот репрезентативец од Оклахома сити тандер.

Ланската сезона му беше прва и во просек даваше по 9,6 поени со 5,4 скока и 2,6 асистенции, а сезонава сите бројки скокнаа, па одличниот центар на Ракетите бележи по 15,3 поени со 9 скока и 3,6 асистенции во просек.

https://twitter.com/NBAMemes/status/1621030731618332672?s=20&t=I7z-DNkTw4q70egPE_l70Q

- Оглас -

Најнови вести