Иванишевиќ зборуваше за повредата на Ѓоковиќ, а тренерот на Димитров му одговори: Новак трчаше како газела!

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, раскажа дека на Отвореното првенство на Австралија најмногу стравувал од дуелот на Новак против Григор Димитров во третото коло бидејќи Србинот играл повреден, но, за нивна среќа, Бугаринот одбрал погрешна тактика.

„Најмногу ме плашеше Димитров, за првите две кола сметавме дека може да се поминат и со повреда. Неверојатно е како Новак ја крена формата, а и Димитров направи грешка, играше погрешно, тој и неговиот тренер немаа добар план. Димитров одигра само две-три скратени топки, јас да играв против Новак, ќе му одиграв барем 300. По тој меч, беше полесно“, рече Иванишевиќ.

Тренерот на Димитров, Даниел Валверду, беше погоден од оваа изјава на Хрватот, па му реплицираше.

„Видете го најдобриот поен на Отвореното првенство на Австралија. Ѓоковиќ трча како газела“, рече Валверду, кој додаде дека Новак на 12 меча во Австралија загуби само два сета.

Најдобриот поен на турнирот беше во изведба на Ѓоковиќ на дуелот со Димитров:

 

https://twitter.com/i/status/1620595412594737152

- Оглас -

Најнови вести