НБА-лигата објави кои кошаркари ќе бидат меѓу резервите на претстојниот олстар-натпревар, а на листата го нема Џејмс Харден, што е прилично изненадување.
Откако дозна дека нема да игра на собирот на најголемите ѕвезди, Харден се огласи преку социјалните мрежи со еден збор „непочитување“, напишано на црна заднина. Неговиот тимски колега Џоел Ембид објави дека НБА треба да објасни зошто Харден го нема ни меѓу резервистите.
Од кошаркарите кои можеа да бидат на олстар, но нема да се појават, освен Харден, тука се и Џими Батлер, Паскам Сијакам, Тре Јанг, Ентони Дејвис, Девин Букер, Кавај Ленард, Ентони Едвардс, ДеАрон Фокс…
Од Атланта хокс потсетија дека нивниот играч Јанг е единствен во лигата со просек барем од 27 поени и 9 асистенции по меч и е единствен од шесте кои се во топ 15 и кај стрелци и кај асистенти, а нема да игра на олстарот.
Инаку, во источниот тим резерви ќе бидат: Ембид, Демар Дерозен, Џејлен Браун, Бам Адебајо, Џру Холидеј, Џулиус Рендл и Тајрис Халибартон.
Западни резерви се: Џа Морант, Домантас Сабонис, Шаи Гилџиус-Александер, Пол Џорџ, Демиен Лилард, Лаури Марканен и Џерен Џексон џуниор.
Како што е познато од порано, стартери на Истокот се: Јанис Адетокумбо, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Кајри Ирвинг и Донован Мичел, а на Западот се: Леброн Џејмс, Зајон Вилијамсон, Никола Јокиќ, Стефон Кари и Лука Дончиќ.