Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело на последниот ден од зимскиот преоден рок го напушти Манчестер сити и замина на позајмица во Баерн, но тој и неговата девојка се соочуваат со невообичаен проблем во Минхен.
Даниела Мачадо, девојката на фудбалерот, преку социјалните мрежи побара од навивачите на Баерн да ѝ помогнат да пронајде стан во Минхен.
„Каде можам на изнајмам стан во Минхен“ , напиша Мачадо.
Кансело заедно со Даниела и нивната ќерка Алисија во следните шест месеци ќе живеат во Минхен, но престојот може да го продолжат бидејќи Баерн има опција на крајот од сезоната да го откупи договорот на Португалецот за 70 милиони евра.