Словенечкиот ски скокач Тими Зајц имаше неверојатен скок на натпреварувањето во мешата репрезентација, на ски скокалницата во Вилинген, Германија. Потпомогнат од силниот ветер, Зајц успеа да прескокне 161,5 метри, што е далеку повеќе од тоа што го нуди оваа скокалница, поставувајќи апсолутен рекорд.
По овој неверојатен скок, Зајц не успеа стабилно да доскокне, па падна и го повреди коленото. За среќа, не се работи за посериозна повреда.