Роналдо даде гол, но тренерот повторно го посочи како еден од „виновниците“ што Ал-Наср не победи

Кристијано Роналдо и Ал-Наср повторно ги разочараа своите навивачи откако одиграа само 2:2 против Ал-Фатех, во меч од првенството на Саудиска Арабија. На овој дуел, Роналдо постигна гол и тоа во 93 минута од пенал, но тоа беше погодок за израмнување на 2:2, со што Ал-Наср се спаси од пораз.

По завршување на дуелот, тренерот на Ал-Наср, Руди Гарсија ги потенцираше промашувањата на Роналдо во првото полувреме како клучни моменти зошто неговиот тим не победи.

„Една од работите кои го променија текот на мечот се промашувањата на Кристијано во првиот дел. Останатите играчи мора да играат нормално, а не постојано да се обидуваат да му ја додадат топката на Роналдо. Ги советував дека мора на теренот да донесат исправна одлука. Очигледно дека Кристијано Роналдо и Андерсон Талиска и самите ја бараат топката, но тоа се играчи кои може да направат разлика на теренот“, анализираше Гарсија по ремито на Ал-Наср.

Ова не е прв пат тренерот Гарсија да ги потенцира промашуватата на Роналдо, како клучни за лошиот резултат. Така беше и по елиминацијата на Ал-Наср во Суперкупот.

 

- Оглас -

Најнови вести