Ливерпул ќе го продава фараонот, му требаат пари за големиот англиски талент

Раководството на Ливерпул се подготвува за продажба на Мохамед Салах во летниот преоден рок што следи, а со него клубот веројатно ќе го напуштат и напаѓачот Фирмино и стоперот Матип.

Фирмино и Матип не се стандардни во првиот состав, а Ливерпул има играчи на нивните позиции, досека продажбата на фараонот Салах малку потешко ќе им падне и на навивачите и на неговите соиграчи во клубот.

Салах е лидер на оваа генерација играчи на Ливерпул што успеа по три децении да ја освоi шампионската круна во Англија и да станат и европски прваци.

Мо е во клубот од 2017 година, а планот е тој да се продаде за да може Ливерпул да го купи Џуд Белингам.

Големиот англиски талент вреди околу 100 милиони евра, за него е заинтересиран и Реал Мадрид, па Ливерпул ќе има тешка мисија да го ангажира англискиот репрезентативец од Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести