Динамо Загреб донесе вистински фудбалски бисер од Бразил, дете кое има само 14 години, а Рафаел Гомеш Сирино веќе е приклучен во Академијата на хрватскиот гигант.
Неговиот татко е градежен работник во Хрватска, па Динамо успеа да договори малиот Сирино да тренира во нивната школа за таленти.
И веднаш излезе видеоматеријал на кој се прикажани фудбалски вештини на малиот фудбалер, кој дрибла како Нејмар.
Прекар веќе има, го нарекуваат Белињо, а така и му пишува на дресот на видеоматеријалот кој е снимен пред три години.