Прославениот турски голман Волкан Демирел јавно преку социјалните мрежи упати апел и молба до целиот свет да се помогне во местата каде што рано утрово имаше земјотрес со силина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.
Како што поминува времето, бројот на жртви постојано расте, а неофицијално веќе има над 1.300 загинати. Демирел преку својот инстаграм-профил со солзи во очите упати молба за помош.
„Помош! Треба да ги испратите сите слободни ресурси кои ги имате. Не се работи само за Хатај и Антакја. Ве молам! Во име на Бога, луѓе тука умираат“, беше пораката од Демирел.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023