Левиот бек на турскиот прволигаш Сиваспор, Угур Чифтчи, постапи хумано и го отстапи својот спортски комплекс за да се згрижат луѓето што настрадаа во силниот земјотрес во Турција и што останаа без покрив над главата.
„Спортскиот центар во Сива ќе биде живеалиште за луѓето што останаа без домови сè додека им е потребно да бидат згрижени. Сега е важно да си помогнеме“, изјави Чифтчи.
Неговиот потег го поздравија сите, а левиот бек на Сиваспор покажа дека е човек со големо срце.
Турција ја погоди страотен земјотрес со епицентар во Газијантеп, а потреси и жртви имаше и во Сирија.
Сите три фудбалски натпревари што денеска требаше да се играат во Суперлигата на Турција се одложени.