Легенда што им помага на сиромашните – Во Португалија сите зборуваат за хуманиот потег на Консеисао

Сержо Консеисао е легенда на португалскиот фудбал, човек со многу трофеи и успеси, но и уште повеќе познат како човек што постојано им помага на сиромашните, обесправените, хендикепираните.

Моментно е тренер на Порто, а со потегот што го направи вчера заслужи комплименти од сите, особено во неговата земја Португалија.

Консеисао веднаш по победата на Порто против Визела, вчеравечер се сретна со семејството што беше избркано од домот каде што живееше под кирија и им плати тримесечна кирија.

Се работи за самохрана мајка со две малолетни деца во Фамаликао, кои сега благодарение на Консеисао ќе избегнат да останат без дом.

Патем, за жал, мајката Грациеле има здравствени проблеми што можеа да бидат кобни ако останеше на улица со своите две деца – Габриела, која има 12 години, и десетгодишното момче Рафаел.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести