Нова трагедија ја расплака Турција, во сообраќајна несреќа загина 15-годишна одбојкарка

Во Турција се случи уште една голема трагедија. Покрај земјотресот што однесе многу жртви, во сообраќајна несреќа животот го загуби 15-годишната одбојкарка Наз Терзи.

На автопатот Истанбул-Бурса-Измир имало судир на автомобил во движење со неприлагодена брзина во два автомобили кои биле паркирани пред него.

Во сообраќајката загина Терзи и дел од нејзиното семејство.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на одбојкарката на Сет Волејбол Кучук, Наз Терзи. Ова е голем удар за нас, за нашиот спорт и за цела Турција“, објавија од Одбојкарскиот сојуз на Турција.

- Оглас -

Најнови вести