Англискиот фудбал има интересна тривековна традиција и со право се смета за колевка на најважната споредна работа на светот, а еден од доказите се и најдобрите клупски стрелци.
Речиси половина од сегашните клубови што играат во Премиер лигата, или во најсилниот ранг во англиското првенство, имаат најдобри стрелци што играле во периодoт пред Втората светска војна.
На листата се: Астон вила, Борнмут, Брајтон, Кристал палас, Евертон, Лестер, Вест хем, а кај Нотингам форест рекордерот Гренвил Морис е од перидот пред Првата светска војна, односно во ерата од 1898 до 1913 година, во која постигнал 217 погодоци и сè уште е неприкосновен со клупски рекорд.
All time and Current top scorers of this season’s EPL clubs from soccer
Најефикасен од сите е Тјери Анри со 288 гола за Арсенал, а меѓу познатите имиња од модерната ера на фудбалот се Хари Кејн, рекордерот на Тотенхем, Јан Раш кај Ливерпул, Вејн Руни од Манчестер јунајтед, Серхио Агуеро од Манчестер сити, Алан Ширер од Њукасл, Френк Лампард кај Челзи…